15 факти за еден од најгусто населените острови во светот чие крајбрежје го красат 82 плажи со бел песок

Точка

07/12/2021

14:12

43.275

Големина на фонт

а а а

Чудесниот остров на белиот песок и карневалите привлекува сè повеќе туристи.

15 интересни работи кои можеби не сте ги знаеле за Барбадос:

1. Барбадос е островска држава во Карипското море и Атлантскиот океан и најисточниот остров на Малите Антили.

2. Барбадос е составен од еден главен остров, долг 34 километри и широк до 23 километри, и поголем број ситни, главно ненаселени острови.


3. Вкупната површина е 430 километри квадратни, а популацијата изнесува 287.500, што го прави еден од најгусто населените острови на светот.

4. Главниот град и најголемото населено место е Бриџтаун кој има 110.000 жители.

5. Островот главно е рамен, благо се издигнува во централниот дел каде на 340 метри надморска висина се наоѓа највисоката точна.

6. Старото име за Барбадос е Ичироуганаим. Името Барбадос потекнува од португалскиот јазик и значи „брадести луѓе“.


7. Таму е топло во текот на целата година, од 23 до 32 Целзиусови степени, но постојат два климатски периода, дождливи (од јуни до ноември) и суви (од декември до мај).

8. Барбадос е држава без ниту една река или езеро. Има неколку потоци кои се појавуваат во текот на дождливиот период и голем број мочуришта.

9. Најпопуларен спорт таму е крикет.

10. Барбадос е единствената дестинација која ја посетил Џорџ Вашингтон надвор од границите на САД.


11. Најголемиот карневалски културен настан кој се одржува таму е фестивалот Кроп Овер кој започнал да се организира во 1974 година, а трае околу 3 месеци секоја година.

12. Барбадос е домаќин на четири видови желки кои се гнездат таму, како и на зелените мајмуни.

13. Вкупно 82 плажи со бел песок го красат крајбрежјето на Барбадос.


14. Национални јадења таму се коу-коу и „летечки“ риби со зачинет сос (речиси секој оброк таму подразбира еден или повеќе сосови како додаток).

15. На 30 ноември 2021 година официјално Барбадос стана република со што британската кралица Елизабета Втора повеќе ја нема титулата шеф на државата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг