Во неделата глумците присуствувале на премиерата на филмот на Марвел "Spider-Man: No Way Home" во Лондон, а Зендаја со својот моден избор повторно потврдила дека е стилска икона.
Холанд за овој настан избрал кошула во пруги со кожна јакна и црни панталони кои ги искомбинирал со црни чевли.
Зендаја овој пат го покажа значењето на гламурот со сив блејзер кој го носела со чизми кои наликувале на хеланки украсени со сребрени токи. Својот изглед го збогатила со обетки во вид на пајакова мрежа во знак на претстојниот филм Спајдермен. Зендаја носела креација потпишана од брендот Александер Меквин.
На почетокот на оваа година, Холанд и Зендаја ја потврдиле романсата кога објавиле фотографии на Инстаграм. Минатиот месец, Холанд зборувал за себе и врската со Зендаја и сака приватниот живот да го задржи за себе.
"Еден од недостатоците од славата е приватноста која повеќе не е во наша контрола, а моментот за кој мислите дека е помеѓу двајца луѓе кои многу се сакаат сега е момент кој го делиме со целиот свет", рекол глумецот.