МАЛМЕД: Пријавено сомневање за смрт кај двајца мажи по примена вакцина против Ковид-19 во Македонија, случаите се истражуваат

Точка

06/12/2021

14:32

5.371

Големина на фонт

а а а

Двајца лекари пријавиле сомнеж во Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, дека нивни пациенти починале по вакцинација против коронавирус во земјава, потврди раководителката во МАЛМЕД, Мерјем Хаџихамза.

И двете пријави се доставени во различен временски период. За првиот пациент, маж на 53-годишна возраст, пријавата била доставена во април, а за вториот, маж кој бил на возраст од 85 години, на 30-ти септември.

„Ако се пријави некое несакано дејство после вакцинација, тоа по дифолт не значи дека е последична реакција на вакцинацијата. Постојат параметри кои треба да се испитаат, како на пример, каков бил профилот на пациентот, од што боледувал, какви лекарства примал. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, па нека е и смрт, е поврзана со вакцината и нејзината употреба. Имаме две пријави за смртен исход кај 85-годишен пациент и за 53-годишен пациент. Уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините. Таа обработка се прави во ИЈЗ и мислам дека има иницијатива таму да се направи комисија за посериозните несакани ефекти“, рече Хаџихамза, пренесува „Слободен печат“.


Таа додаде дека го видела медицинското досие на еден од починатите пациенти и станувало збор за човек со многу коморбидитети. Едната пријава дошла од лекар во Гевгелија, а за втората Хаџихамза нема информација од каде е.

Според податоците кои ги сподели таа, 53-годишниот пациент бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“, а вториот со „АстраЗенека“. За едниот од вакцинираните за кој е пријавен сомнеж дека починал како последица на вакцината, пријавата е доставена две недели по имунизацијата. Во двата случаи пријавиле докторите во системот за фармаковигиланца во МАЛМЕД.

Освен овие пријавени посериозни можно корелирачки несакани ефекти со вакцинацијата, во МАЛМЕД се пријавени и некои неочекувани ефекти како болка во градите, тромбоцитна реакција, алергиска реакција. Сите случаи се третирани лекарски и пациентите се закрепнати, рече Хаџихамза.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг