Ферстапен револтиран: Ова не е Формула 1

Дерби

06/12/2021

13:23

38.575

Големина на фонт

а а а

Макс Ферстапен порача дека не е задоволен од одлуките кои ги донесоа стјуардите за време на трката, но на крајот, мораше да се помири и со дополнителна казна која ФИА ја изрече неколку минути после полноќ.

Холанѓанецот беше прогласен за виновен во инцидентот со Хамилтон и заработи дополнителна казна од 10 секунди, но јасно е дека ниту ова нема да ги промени ставовите на возачот на Ред Бул кој сепак го задржа второто место во поредокот во Џеда и не наиде на сериозни проблеми пред последната трка во Абу Даби.

Стјуардите проценија дека Макс намерно го сопрел својот болид кога Хамилтон се удри во него, но дури и при сведочењето, а и претходно на патеката, Макс потенцираше дека не може да ја разбере реакцијата на Британецот.

– Ми порачаа да му ја вратам позицијата, па намалив со брзината во свијоците 22 и 23 со цел да оставам да ме мине. Секоја секунда бев побавен и не знам дали имаше недостиг на комуникација, знам само дека удри во мојот заден дел од болидот.

– Не се согласувам со одлуките, но нема да губам и премногу време со тоа. Влегуваме со исти бодови во последната трка и ќе биде многу возбудливо за сите. Но, факт е дека зборуваме многу повеќе за преминати бели линии и за казни отколку за Формула 1 и тоа е вистинска штета. Ова не е Формула 1, – порача револтираниот Макс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг