Утринското кафе треба секогаш да го пиете по појадокот - еве зошто

Точка

06/12/2021

09:18

16.054

Големина на фонт

а а а

Многумина го започнуваат денот со шолја кафе, но грешката која повеќето луѓе ја прават е тоа што го пијат истото на празен стомак.

Истражувачи од универзитетот во Бат откриле дека пиењето кафе пред појадокот може да го наруши нивото на шеќер во крвта. Професорот Џејмс Бетс вели дека повеќето луѓе по станувањето, веднаш пијат кафе.


Во студијата, истражувачите вклучиле 29 здрави мажи и жени во 3 различни експерименти. Во едниот експеримент, учесниците имале нормален ноќен сон и од нив било побарано да консумираат засладен пијалак кога ќе се разбудат. Во вториот, учесниците имале испрекинат ноќен сон и исто така консумирале засладен пијалак по будењето. Конечно, во третиот експеримент учесниците имале нарушен ноќен сон, но добиле силно црно кафе 30 минути пред консумирање на засладен пијалак.

Кафето треба да се пие по појадокот

Во секој тест, на учесниците им биле земани примероци од крв по консумирањето на засладените пијалаци, а резултатите откриле дека една ноќ нарушен сон не ја влошила реакцијата на глукоза во крвта на учесниците во текот на појадокот, во споредба со нормалниот сон.


Меѓутоа, утврдено е дека силното црно кафе консумирано пред појадокот значајно ја зголемува глукозата во крвта за околу 50 отсто.

„Луѓето би требало да се обидат да ги урамнотежат стимулативните благодати на кофеинското кафе наутро со потенцијалот за високо ниво на глукоза во крвта и можеби е подобро кафето да се пие по појадокот, наместо пред тоа“, вели Хари Смит, водич на студијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг