Денеска во поладневните часови две лица се изгубиле во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).
Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека.
Вечерва се пронајдени двете лица, информира Центарот за управување со кризи.
Тимовите за потрага и спасување на надлежните служби започнаа голема потрага, а и покрај тоа што батериите на телефоните на изгубените лица биле целосно испразнети, тие се лоцирани и спасени, велат од Центарот.
Двете изгубени лица безбедно се донесени во Битола.