276 новозаразени и 10 починати лица од Ковид-19 во последново деноноќие

Точка

05/12/2021

14:17

3.201

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за здравство информираа дека во последниве 24 часа се регистрирани 276 нови случаи на Ковид-19 и тоа 130 во Скопје, 35 во Битола, 17 во Прилеп, 14 во Охрид, 13 во Куманово, 10 во Штип и девет во Кавадарци.

Во Струмица се регистрирани 7 нови случаи од коронавирусот, шест во Крива Паланка, пет во Тетово, по четири во Свети Николе и Пробиштип, по три во Велес и Ресен, по два во Гевгелија,. Неготино и Богданци, додека по еден нов случај е регистриран во Гостивар, Кичево, Струга, Радовип, Делчево и Македонски Брод.

Оттаму дополнуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица. Две починати лица се од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице има во Свети Николе (68г), Кратово (88г) и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086“, велат од МЗ.

Направени се 2.720 тестирања во последните 24 часа, а досега во земјава се направени вкупно 1.484.645 тестирања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг