Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Макфакс

04/12/2021

14:34

8.688

Големина на фонт

а а а

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска.

Оваа информација, која првпат ја објави „Јутарњи лист“ во петокот, денеска ја потврдија и во Институтот Руѓер Бошковиќ преку кусо соопштение.


Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.

На нејзино барање, примерокот е испратен на понатамошна обработка во Лабораторијата за напредна геномика на РБИ.


Целната анализа со секвенционирање на клучните региони на геномот SARS-CoV-2 покажа присуство на мутации карактеристични за новата варијанта SARS-CoV-2 омикрон. За резултатите се информирани Хрватскиот завод за јавно здравје и Министерството за здравство, па се чека нивната официјална потврда. Исто така, имајте предвид дека потребни се 72 часа за да се добие конечниот резултат на секвенционирање. Хрватскиот завод за јавно здравје навремено ќе ја информира јавноста за конечните резултати, пишува во соопштението.