Поради ветер во Софија сè уште не се полетани двата воени авиони со посмртните останки на 45-те загинати патници

Нетпрес

03/12/2021

10:44

2.589

Големина на фонт

а а а

Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија.

Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен.

Претходно од македонската Влада за МИА потврдија дека слетувањето на авионите се очекува за околу еден час.