Мало, но моќно овошје: 6 причини зошто треба да уживате во мандарините оваа зима

Точка

02/12/2021

15:04

16.276

Големина на фонт

а а а

Мандарината е кисело-сладок цитрус од Југоисточна Азија кој се одгледува на нашите простори од 19-от век.

Ова овошје богато со витамин Ц го штити нашиот имунитет во сезоната на настинки и нѝ помага во одржување на витката линија. Покрај тоа, мандарините се и многу вкусни.

Ова се само дел од причините зошто треба редовно да консумирате мандарини оваа зима:

Го подобруваат варењето

Кога консумирате мандарини, не треба да ги заборавите ниту белите „ленти“ кои го обвиткуваат плодот од внатрешната страна на кората. Ако јадете многу јаглехидрати и масти, тој дел од цитрусното овошје е преполн со диетални влакна кои помагаат во забрзување и подобрување на дигестијата.


Го чуваат срцето

Мандарината е добар извор на калиум кој го намалува крвниот притисок, го урамнотежува срцевиот ритам и го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Ја подмладуваат кожата

Богати со антиоксиданти кои го спречуваат ослободувањето на слободните радикали и оштетувањето на кожата, мандарините се одлично средство во борбата против стареењето.

Со разградувањето на бета-каротенот, се синтетизира витамин А кој е задолжен за меката и нежна кожа, а витаминот Ц го стимулира производството на колаген.


Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Антиоксидантите присутни во мандарините помагаат да се намали лошиот холестерол и да се поттикне добриот холестерол.

Исто така, мандарините содржат растителни влакна кои помагаат во чистење на артериите од лошиот холестерол, и го одржуваат нормалниот крвен притисок.

Го зајакнуваат имунитетот

Бидејќи мандарините се полни со витамин Ц, тие можат да обезбедат и до 80 отсто од потребната дневна доза на овој витамин. Витаминот Ц во мандарините е клучен за превенција од настинки и е од витално значење за правилно функционирање на здрав имунолошки систем.

Добри се за очите

Здравјето на очите се зачувува преку внесување на храна богата со каротеноиди, како и други антиоксиданти. Мандарините исто така содржат витамин Ц и каротеноид витамин А кој помага да се спречи макуларна дегенерација и глауком.



Спонзорирани линкови

Маркетинг