Поранешната пратеничка Фросина Ременски, се кандидираше за претседател на СДСМ

Макфакс

01/12/2021

11:09

1.947

Големина на фонт

а а а

Поранешната пратеничка Фросина Ременски, се кандидираше за претседател на СДСМ.

Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од Владата бидејќи е дел од владиниот кабинет, но смета дека ова ќе биде борба во натпревар на умови.

„Не гледам дека оваа моја кандидатура нема да резултира со сериозен резултат кој ќе значи и сериозен имапкт во понатамошните партиски одлучувања“, кажа Ременски.

„Согласно правилникот, роковите и одлуките на Централниот одбор на СДСМ и Изборната комисија, ги предадов сите документи за самокандирирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите и симпатизерите. Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам, во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата“, изјави Ременски.

Таа кажа, дека ќе понуди програма во која СДСМ ќе е победник во сите процеси.

„Кандидатурата ја предавам за време на 16 дена активизам, женски активизам и борбата против говорот на омраза и нетолеранцијата. Сакам да покажам дека жените можат и знаат, да ги охрабрам сите жени, да не се откажуваат од својот напор, сон, својата слобода, права и да се борат независно од тоа на какви препреки наидуваат во животот и кариерата. Ја очекувам поддршката од социјалдемократките, моите колешки во партијата и сите членови кои го знаат мојот карактер и конзистентност во ставовите и даден придонес во соработката. Очекувам СДСМ да го искористи за висинско обединување на членството, намалување на разликите помеѓу структурите во СДСМ. Мојата визија за СДСМ е победник во сите процеси пред кои е исправен, само така може да се постигне максимум“, рече Ременски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг