224 санкции за брзо возење

Макфакс

01/12/2021

10:44

855

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.

Од нив, според информации од полицијата, 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг