Земјотреси ја тресат утринава Македонија

Макфакс

01/12/2021

10:34

5.335

Големина на фонт

а а а

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје.

Првиот во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и вториот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.

Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг