Епизода на Симпсонови е забранета во Кина поради една шега: "Овде ништо не се случило"

Точка

30/11/2021

19:41

4.861

Големина на фонт

а а а

Фановите забележале дека на сервисот Дизни + во Хонг Конг недостига епизода од Симпсонови која прикажува сцена на плоштадот Тиананмен.

Во епизодата "Goo Goo Gai Pan" од 2005 година семејството Симпсонови патува во Кина за да посвои бебе. Застануваат на плоштадот во Пекинг каде се наоѓа натписот на кој пишува: "На ова место, 1989 година ништо не се случилo".

Станува збор за горка шега во врска со случајот од 1989 година кога продемократските демонстранти со месеци се собирале на споменатиот плоштад. Спорд повеќе извештаи, таа 12-та епизода од 16-та сезона на серијата не е достпана на Дизни+ за купувањето во Хонг Конг.

Ниту Дизни ниту Кина не одговориле на барањето на Си Ен Ен за коментар зошто епизодата не е достапна. Не е јасно дали Кина ја блокирала епизодата или Дизни одлучи да не ја нуди на тој пазар.


Кинеската влада напорно работела на ограничувањето на фотографии и извештаи за настаните од 1989 година сметајќи ги како закана за легитимноста на своето континуирано еднопартиско владеење.

Многу луѓе се убиени на 4 јуни 1989 година на плоштадот Тиананмен. Проценката за бројката на смртни случаеви се движи од неколку стотина до илјадници. Масакрот беше главна тема ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг