Столтенберг: Загрижени сме поради реториката на Милорад Додик

Точка

30/11/2021

22:03

8.470

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска во Рига во Латвија го почнуваат дводневниот самит на кој една од темите ќе биде Босна и Херцеговина. Расправата за БиХ се очекува на утрешниот дел од самитот.

Сепак, доаѓајќи на самитот, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, одговорил на новинарско прашање за ситуацијата во БиХ. "Загрижени сме поради запаливата реторика на Додик", нагласил тој.

"Пред се, мислам дека мора да се потсетите дека вие на Западен Балкан минавте долг пат. НАТО е таму присутен од 90-тите. Помогнавме да се завршат две етнички војни во БиХ, а подоцна и на Косово и во Србија. Значајно сме присутни на Косово преку КФОР, како и во БиХ", навел Столтенберг.


Додал дека и дека се загрижени поради зголемените тензии на кои сведочат, и дека поради го поздравуваат фактот дека НАТО и ЕУ блиску соработуваат во регионот, како на Косово, така и во БиХ.


"Загрижени сме поради било каков обид да се поткопа мултиетничноста на институциите во БиХ, а посебно во Вооружените сили кои една од најуспешните мултиетнички институции во земјата. НАТО беше важен во создавањето на Вооружените сили на БиХ како силна, мултиетничка институција. Затоа сме загрижени поради запаливата реторика на господинот Додик од Република Српска", нагласил генералниот секретар на НАТО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг