Северна Кореја ги забранува кожните капути за да ги спречат луѓето да го имитираат Ким Јонг Ун

Точка

29/11/2021

18:30

12.413

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја воведува забрана за носење на кожни капути за да ги спречи обичните граѓани да го копираат стилот на нивниот лидер, Ким Јонг Ун.

Според пишувањата на медиумите, постои целосна забрана за младите да носат кожни мантили, а полицијата трагала по улиците за да им ги oдземе јакните на граѓаните и продавачите. Неименуван извор од оваа земја, новинарска куќа објавила дека сузбивањето започнало откако луѓето почнале да го имитираат стилот на Ким Јонг Ун, пренесува Инсајдер.


"За време на воената парада на 8-от Партиски конгрес во јануари оваа година, Високот достоинство и сите високи функционире исто така беа во кожни мантили", рекол изворот повикувајќи сѐ на Ким.

Додале дека кожните мантили станале популарни и помеѓу жените во Северна Кореја откако со таков капут се појавила и сестрата на Ким, Ким Јо Јонг.

"Кожните капути почнале да се препознаваат како симбол на моќ", рекол изворот.


Младите се бунтоваат истакнувајќи дека капутите ги купиле со свои пари и дека нема причина да им ги одземаат.

Купувањето на вистинска кожа во Северна Кореја е навистина скапо, а капутите од кравја кожа чинат околу 34 долари. Оние направени од синтетичка кожа имаат пониска цена и се продаваат за околу 16 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг