Јутјубер ги рекреираше игрите од серијата Squid Game, натпреварувачите се бореле за 456.000 долари

Точка

26/11/2021

20:25

11.761

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Џими Доналдсон, познат како MrBeast ги рекреирал игрите од серијата Squid Game. Го прилагодил сетот, се снабдил со костими, кои изгледале како оние кои ги носат глумците во серијата и потрошил вкупно 3,5 милиони долари.

Доналдсон на своите Тик Ток пријатели им ветил дека ќе го рекреира сетот ако неговото видео собере 10 милиони лајкови, кои секако дека ги добил.

Доналдсон со екипата ги изработил најинтересните игри од серијата. Започнал со играта "црвено светло зелено светло". Исто така, во една од игрите каде играчите скокаат од мост, на сцената била поставена пена за да не се повредат.


Доналдсон ја променил последната игра, односно натпреварувачите не ја играле Squid Game, корејската детска игра по која серијата го доби името. Наместо тоа играле музички столчиња. Тоа е популарна детска игра во која покрај музиката од клавир, или ЦД играчите се движат во круг околу столчињата. Кога музиката ќе престане, секој од играчите се обидува да заземе место на едно од столчињата. Играчот кој нема да се снајде отпаѓа од играта.


Во рекреирањето на серијата учествувале 456 натпреварувачи кои се натпреварувале за 456.000 долари. Доналдсон рекол дека потрошил два милиони долари за поставување на сцената и реализација. Видеото има повеќе од 57 милиони прегледи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг