Кобниот автобус на Беса Транс дури 135 пати излегол од државата со погрешна лиценца

Точка

26/11/2021

14:23

3.525

Големина на фонт

а а а

Автобусот на Беса Транс, кој немал извод од лиценца, минатите две години 135 пати успеал да излезе од државата.

Од МВР за Фокус изјавиле дека е евидентирано дека опожарениот автобус во 2020-та година 22 пати излегол и влегол во државата, додека во 2021-ва остварил 113 преминувања на границата.

Од МВР додале и дека Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежен да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на границите, и дека тоа е во надлежност на Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт.


Од Министерството за транспорт и врски за Фокус изјавиле дека автобусот излегувал од државата со лиценца на друг автобус на компанијата.

"За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс.


Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

"Потенцираме дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски", велат од министерството.

Потсетуваме, автобусот за прв пат бил регистриран во октомври 2020 година, а произведен во 2007 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг