Уапсен 24-годишникот од Бугарија што пишуваше шоканти коментари на Фејсбук за несреќата

Точка

25/11/2021

12:11

20.204

Големина на фонт

а а а

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која загинаа 45 македонски граѓани.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа.

Според податоците, тој на Фејсбук објавувал коментари поврзани со трагичниот инцидент, што излегуваат надвор од морално-етичките норми.


Материјалите се доставени до надлежните институции за прекршување на чл.162 од бугарскиот кривичен закон, што се однесува на ширење на говор на омраза на социјалните мрежи врз основа на етничка припадност.

За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг