Политичката криза во сенка поради трагедијата - оставката на Заев утре пред Цетралниот одбор на СДСМ

Точка

25/11/2021

10:00

1.778

Големина на фонт

а а а

По завршувањето на тридневната жалост, во петок СДСМ ќе ги одржи одложените седници на највисоките партиски тела.

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ утре ќе расправаат за оставката на лидерот Зоран Заев. Исто така, утре се очекува и Централното претседателство на Алтернатива да одлучи дали ќе да влезе во Владата.

Ако утре СДСМ ја прифати оставката на Заев, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави Заев, треба да биде мандатар на новата влада. Еден од кандидатите за нов лидер и мандатар е актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски, кој што го придружуваше Заев на лидерската средба со Африм Гаши од Алтернатива.

Пред една недела Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, партија која има 4 пратеници, ја имаа последната средба после која премиерот изјави дека посакува парламентарното мнозинство да се засили. Гаши тогаш изјави дека има две опции - да останат во опозиција или да се приклучат кон владејачкото мнозинство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг