Пет месеци затвор за учесниците во нередите во Холандија: Демонстрациите против владините анти-ковид мерки се претвориле во насилство

Точка

24/11/2021

20:34

2.531

Големина на фонт

а а а

Холандскиот суд денеска осудил на затворска казна маж и жена кои учествувале во нередите во Ротердам минатата недела, соопштило обвинителството.

Демонстрациите против владините анти-ковид мерки се претвориле во насилство во петокот навечер, а полицијата во еден момент пукала во масата, која палела оган и фрлала камења и пиротехника кон силите на редот, пренесува "AP".

Пет лица биле погодени со куршуми во текот на нередите и во тек е истрага за тоа дали ги ранила полицијата.


26-годишна жена, која е осудена бидејќи фрлала камења кон полициски возила, добила казна затвор од пет месеци, со два месеци условно, а ќе мора да плати и 1.000 евра поради материјалната штета која ја предизвикала, навел јавниот обвинител на Ротердам на Твитер.

Холандскиот јавен сервис "NOS" објавил дека жената изјавила дека и е жал што учествувала во нередите.

"Кога би можела да го вратам времето, сигурно не би го направила тоа", изјавила таа.


29-годишен маж исто така добил пет месеци затвор и два месеци условно. Двајцата добиле забрана да приоѓаат на многу места во Ротердам на една година.

Полицијата во текот на тридневните нереди уапсила 49 лица поради учество во инцидентите.