Министерот Османи од Софија: „Идентификацијата ќе трае најмалку седум дена, истрагата за несреќата е врвен приоритет за бугарското Обвинителство“

Точка

24/11/2021

17:52

2.392

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со премиерот Зоран Заев и други функционери од Македонија отпатува во Бугарија по сообраќајната несреќа која се случи на автопатот „Струма“ рано утрината на 23-ти номеври.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија имаше средба со бугарскиот главен обвинител кој е надлежен за истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 46 лица.

„Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај на помагаат во истражната постапка.

Османи во изјава за медиумите нагласи дека на средбата со обвинтелот станало збор за деталите околу идентификацијата и било договорено да се забрза постапката за собирање на биолошки материјал од роднините на починатите во Скопје, постапка која што МНР веќе ја прави и очекува да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација, во кој процес активно се вклучени и нашите експерти.


Самата постака на идентификација на загинатите, посочи шефот на дипломатијата, се очекува да трае најмалку седум дена.

„Процесот на идентификација врз основа на ДНК материјали ќе трае седум дена и тоа е важно за семејствата, важно е за државата во доменот на планирањето. Сакам уште еднаш да им се извинам на семејствата што не можевме да им дадеме и сè уште не можеме да им дадеме индивидуални информации по однос на починатите, бидејќи мораме да го почекаме процесот на идентификацијата. Но, ги замолив денеска да се вратат во Скопје, бидејќи сепак ќе треба седум дена најмалку за да се заврши тој процес. И откако ќе заврши идентификацијата на сите тела, тогаш МНР, односно државата, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје и потоа од Скопје ќе можат да ги подигнат семејствата“, рече Османи пред влезот на Главниот суд во Софија.

Тој информира дека посетата е дозволена на дел од повредените кои се хоспитализирани во болницата во Софија, но не и на оние кои биле подложени на оперативен зафат, што претставува исклучок, бидејќи поради ковид-пандемијата во Бугарија има забрана за посета во болниците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг