(Видео) Дознала дека момчето ја изневерува. па смислила пеколна одмазда - поради ова завршила на вести

Точка

24/11/2021

16:00

13.907

Големина на фонт

а а а

Дека изреката „одмаздата се сервира ладна“ е вистинита, докажува примерот на една девојка.

Имено, таа била бесна поради тоа што дознала дека нејзиното момче ја изневерило, па му го уништила автомобилот, со спреј и удари.

Автомобилот марка „Mitsubishi Outlander“ останал без речиси сите стакла и ретровизори, а покрај тоа бил прошаран и со црн спреј, но девојката направила еден мал пропуст поради кој приказната завршила во медиумите.

Имено, таа оштетила погрешен автомобил, пренесува „NBC News“.

Таа упропастила целосно недолжна жена која почнала да вреска од мака кога излегла од домот и видела што ѝ направила бесната жена на автомобилот.

„Мајк е прељубник“, ја дочекал натпис на возило, а несреќната сопственичка сега ќе се обиде во договор со осигурувањето некако да ја реши штетата.

Во секој случај, Мајк се извлекол, а дали девојката која ја направила штетата ќе остане со него во врска останува да видиме, со оглед на тоа што полицијата е за сè известена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг