Премиерот со најавена остаква Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во петокот во 15,30 часот одржаа средба во клубот на пратеници, чија цела беше почеток на разговори за евентуално учество во владата на Алтернатива.
Средбата меѓу Заев и Гаши следува откако пред неколку дена премиерот и лидерот на Алтернатива на разговор по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата. Тема на разговор на средбата беше можниот влез на Алтернатива во владината коалиција. Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници.
Како ште е веќе познато, актуелната власт, но и опозицијата имаат 60 пратеници и ниту една страна нема мнозинство, пишува InfoShqip.
Од блиски извори, InfoShqip дознава дека средбата првично почнала тензично и притоа премиерот Зоран Заев се посрамотил од лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, бидејќи овој зборувал за градење на државата и поднел високи барања.
Гаши од почетокот на средбата отворено и сосема јасно се изјасни, посочувајќи му на премиерот дека ако Алтернатива ја гледа само како броката 4, алудирајќи на четворицата пратеници, и оти нема потреба да се продолжуваат разговорите, бидејќи Алтернатива е иднината на оваа држава.
InfoShqip дознава и дека Заев предложил нов мандатар.
Во петокот попладнето во Клубот на пратеници Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Станува збор, како што наведуваат изворите, за социјалдемократски кадар од Куманово. А имајќи предвид дека претходно во четвртокот извори од СДСМ за медиумите брифираа дека новиот мандатар и наследник на Зоран Заев во владата ќе биде личноста која ќе седи до бего на средбата со лидерот на Алтернатива, се чини дека социјалдемократите на овој начин го промовираа новиот мандатар.