Најновата корона-карта на ЕУ уште позагрижувачка: Во зелена зона се наоѓа само еден остров

Точка

18/11/2021

17:15

5.883

Големина на фонт

а а а

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) ја објави новата мапа на која е прикажана епидемиолошката ситуација со земјите од ЕУ.

ECDC секој четврток ја ажурира најважната мапа за коронавирус во Европската унија, според која земјите членки на ЕУ ги носат епидемиолошките мерки и ги одредуваат правилата за влез во земјите и излегување од одредени земји токму според бројот на ковид-случаи кои таа земја ги има на оваа карта.

Бојата за одредени подрачја ја одредуваат комбинацијата на потврдени случаи на заразни со Ковид-19 во последните 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

Ситуацијата оваа седмица може да кажеме дека е полоша во однос на претходната седмица, со оглед на тоа што во зелена зона се наоѓа само Сардинија.

Како што може да видиме, поголемиот дел од европските земји се наоѓаат во темноцрвена зона.

Погледнете ја корона-картата:



Спонзорирани линкови

Маркетинг