Критична ситуација во повеќето земји: Најновата корона-карта е загрижувачка

Точка

11/11/2021

22:44

7.514

Големина на фонт

а а а

Сè полоша е епидемиолошката ситуација во поединечни земји од регионот и во ЕУ.

Европскиот центар за контрола и превенција за болести (ECDC) објави нова мапа на која е прикажана епидемиолошката ситуација во земјите на ЕУ.

ECDC секој четврток ја ажурира најважната мапа за коронавирус во ЕУ според која земјите членки во ЕУ носат епидемиолошки мерки и ги одредуваат правилата за влез во земјата и излегување од одредени земји, токму според бројот на случаи кои таа земја ги има на оваа карта.

Боите на поедини подрачја се одредуваат во комбинација со потврдени случаи на заразени од Ковид-19 во последните 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

Што се однесува до овонеделната карта, може да забележиме дека Словенија и натаму е во темноцрвена зона.

Балтичките земји и Ирска, Романија и Бугарија остануваат исто така во темноцрвена зона, додека пак Германија и Полска главно се во црвена и темноцрвена зона.

Епидемиолошката ситуација е влошена во Австрија, Чешка и Словачка, додека пак Хрватска е во темноцрвена зона.

Во Италија ситуацијата е релативно иста од минатата седмица, но исто така се забележуваат и некои промени. Одредени делови од земјата кои беа во зелена зона, сега се наоѓаат во жолта, а некаде и во портокалова зона.

Шпанија и Франција во поголемиот дел се во жолта зона.

Погледнете ја мапата:



Спонзорирани линкови

Маркетинг