Пратеникот Кастриот Реџепи го привлече вниманието на македонската јавност, откако, и покрај тоа што беше клучен играч за гласање недоверба на владата, не се појави во Собранието.
Реџепи вчера беше гостин во "Клик Плус" на "21ТВ", каде беше прашан дали спие мирно откако не се појави на собраниската седница.
Пратеникот на БЕСА одговори дека физички не спие мирно, но дека духовно да.
"Физички не, не спијам мирно. Но духовно да. Мирна ми е душата. Знам какви убедувања имам и каква одлука донесов. Имав и имам сериозни закани, но се плашам. Државата мора да оди напред", порача Кастриот Реџепи.
Реџепи открил дека во четвртокот кога требало да се гласа недоверба, бил засолнет кај свој пријател со семејството. Додал дека имало шпекулации дека е во Бугарија, дека е во Абу Даби, но дека со целото семејство бил во Скопје, кај пријател дома. И се јавил на ќерка си која живее во Данска за да и каже дека телефоните ќе бидат исклучени.
Пратеникот откри и дека Владата во моментов има собраниско мнозинство, односно 61 пратеник.
На прашањето од новинарот кој е 61-виот пратеник, Реџепи одговори дека не може да каже, но дека јавноста ќе дознае деновиве.