Пановски: „Младите се снајдоа со сертификати и слободно влегуваат каде сакаат - новите мерки нема да придонесат поголем интерес за имунизација“

Точка

15/11/2021

20:40

4.938

Големина на фонт

а а а

Д-р Никола Пановски во разговор за „Локално“, вели дека новата мерка која предвидува влез во угостителски објекти само за лица кои примиле две вакцини против Ковид-19, нема да придонесе поголем интерес за имунизација кај населението.

„Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци вакцинирани со една доза влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на вакцината. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост. Дури сега добива медицинска оправданост. Се разбира тие што примиле прва доза, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што досега не се вакцинирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва доза сега, ако до сега не примиле“, вели Пановски за „Локално“.

Епидемиологот предлага да се воведе онлајн настава за децата во декември и да се затворат ноќните клубови со цел да не се зголеми бројот на заразени лица.

„Кога сите ги заоструваат мерките, ние ги олеснуваме! Се реагира отпосле, кога е доцна. Зар не се извлече поука од летото!? Би затворил ноќни клубови, ресторани само со 30% капацитет до 22 часот и би вовел онлајн настава за децата во декември“, предлага Пановски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг