Филм кој го сруши рекордот нa гледаност во првиот ден од емитувањето, воедно е најскапиот на Netflix

Точка

15/11/2021

19:35

12.086

Големина на фонт

а а а

Филмот „Red Notice“ стана најгледаниот филм на Netflix во првиот ден од емитувањето на стриминг сервисот.

Веста ја потврдија и ѕвездите од филмот, Рајан Рејнолдс, Гал Гадот и Двејн Џонсон на социјалните мрежи.

Оваа акциона комедија на Netflix почна да се емитува во петокот, на 12 ноември.


„Ова е неверојатно! Што да кажам, вие сте најдобрата причина поради која снимаме филмови. Многу сум благодарна и возбудена. Му честитам на Netflix и на целата филмска екипа“, напиша Гал Гадот на социјалната мрежа Инстаграм.

На Инстаграм се огласи и Рајан Рејнолдс со истата фотографија и му честиташе на целиот тим кој учествувал во снимањето на филмот.

„Wow. Red Notice го има најдоброто остварување на Netflix на сите времиња“, напишал Рејнолдс.

На своите следбеници им се обратил и The Rock, а во видеото кое го споделил ги спомнал одличните резултати на филмот:

„Службено е, бројките стигнуваат од 190 територии ширум светот. Red Notice е најголемото остварување, за сите филмови на Netflix“, изјави Двејн в во видеото.

Покрај тоа што оствари одлични резултати во бројот на прегледи, Red Notice воедно се смета за најскапиот филм на Netflix со буџет од 200 милиони долари, пренесува „The Independent“.

Погледнете го трејлерот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг