(Видео) Пановски предлага до Нова година да се затворат ноќните клубови: „Тие се биолошки бомби за ширење на вирусот“

Точка

12/11/2021

16:20

4.307

Големина на фонт

а а а

Микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на „Канал 5“ изјави дека работата на ноќните клубови треба да се укине до Нова година и повторно да им се забрани да организираат забави.

Пановски ноќните клубови ги нарече „биолошки бомби за ширење на коронавирусот“.

„Во скоро време беше донесена одлуката да им се дозволи на ноќните клубови да работат, но јас апелирам таа одлука да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави“, вели д-р Пановски.

Како што вели д-р Никола, младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе.

„Сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста. Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца“, вели микробиологот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг