Пратеникот Кастриот Реџепи најави дека во понеделник ќе има прес-конференција и ја повика неговата партија, Движењето БЕСА да не презема избрзани чекори кои ќе нанесат штета на партиските структури и активисти.
Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, во четвртокот исчезна и не се појави во парламентот, веројатно попишманувајќи се за соборувањето на Владата на Зоран Заев и СДСМ, откако пред петнаесеттина дена на Facebook објави дека Движењето Беса е подготвено за нова Влада без ДУИ.
„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за сѐ. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа.