Кој се крие зад виралниот тренд на Инстаграм за садење дрвја и дали ќе го исполни ветувањето?

Точка

10/11/2021

19:50

8.921

Големина на фонт

а а а

Доколку редовно ја користите социјалната мрежа Инстаграм, многу е веројато да наидовте на овој профил, односно тренд "за секоја фотографија од вашите миленици, ќе засадиме по едно дрво". Во продолжение ви даваме увид во тоа кој стои зад виралниот тренд и дали ќе го одржи ова ветување.

Повеќе од пет милиони луѓе објавиле фотографии од своите миленици со налепницата "за секоја фотографија од вашите миленици ќе засадиме по едно дрво". Трендот е покренат од профилот Plant A Tree Co, организација која синоќа на својот Инстаграм профил објави големо соопштение.

"Шокирани сме со брзината со која се прошири трендот помеѓу корисниците. Недолго после објавувањето на трендот на Инстаграм сфативме дека немаме средства да засадиме толку стебла, поради што налепницата ја избришавме. Но, се случи грешка на Инстаграм и корисниците продолжиле да ја користат на своите сториња", напишале во соопштението.

Додале дека поради тоа ги замолуваат сите корисници кои учествувале во кампањата да донираат пари во организацијата Trees For The Future со цел да помогнат да се засадат повеќе од 4 милиони стебла.