(Фото) Тотален хаос на границата: Мигрантите ја пробиле заштитната ограда и влегле во Полска

Точка

10/11/2021

10:33

6.176

Големина на фонт

а а а

Полската гранична служба соопштила дека две големи групи мигранти - по неколку десетици луѓе - провалиле во Полска од Белорусија.

Како што пишува новинарката од Минск, Хана Лиубакова на социјалната мрежа Твитер, неодамна полските властите известиле дека мигрантите биле приведени и вратени на граничната линија.

Полската полиција објавила на Твитер фотографија од апсењето на неколку мигранти кои ја пробиле оградата.

На белоруската страна има стотици мигранти.

Полска одбива да ги прими мигрантите на своја територија, па последните недели пратила стотина припадници на своите сили на границата, а кренала и бодликава жица, во настојување да спречи било каков обид мигрантите да се пробијат.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки го обвинил рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад мигрантската криза на белоруската граница со Полска.

Моравјецки тврди дека лидерот на Белорусија Александар Лукашенко, близок сојузник на Путин, управува со кризата, но дека "двигателот е во Москва", пренесува "BBC".


Во интервјуто со белоруската државна агенција, Лукашенко рекол дека сака да избегне било каква воена ескалација на границата која би можела да ја вовлече Русија во судирите.

Рекол дека "не е лудак" и дека знае за што станува збор, но останал пркосен, велејќи дека "Белорусија нема да клекне".