Сончево време со температура до 19 степени

Макфакс

29/10/2021

08:36

1.638

Големина на фонт

а а а

Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг