На продажба станот во кој живеел Алан Рикман – погледнете како изгледа

Точка

27/10/2021

19:10

30.696

Големина на фонт

а а а

На западната страна на Њујорк постои можност да се посети и купи станот на покојниот британски актер Алан Рикман, а почетната цена на апартманот изнесува 1,69 милиони долари.

Покојниот актер кој е најпознат по улогата на Северус Снeјп во франшизата „Хари Потер“, го купил станот во 2009 година за нешто помалку од 1 милион долари. Го реновирал и во него живеел сè до својата смрт.


Агенцијата која го продава станот е ангажирана од страна на вдовицата на Рикман, пишува „Mansion Global“. Освен големата дневна која е споена со мала трпезарија и кујна, станот има и многу удобно уредена спална соба.

„Рикман го сакаше Њујорк, често работеше овде и уживаше во својот стан. По изгледот на апартманот, лесно е да се заклучи дека имал одличен вкус“, кратко навела агенцијата која го продава станот.


За потсетување, познатиот актер почина на 14-ти јануари 2016 година, на 69 години, по повеќегодишна борба со карцином.




Спонзорирани линкови

Маркетинг