Глумицата открила дека за малку ќе умрела при раѓањето на нејзината ќерка

Точка

27/10/2021

18:35

4.492

Големина на фонт

а а а

Гвинет Палтроу во текот на разговорот во подкастот на глумецот Дакс Шепард и Моника Падман искрено зборувала за искуството со породувањето и своето тело, па открила дека речиси ќе починела додека се породувала со ќерката Епл Мартин.

Основачката на брендот Goop открила нови детали за раѓањето на своето најстаро дете во разговор за "body positivity", изгледот на телото и лузните кои доаѓаат од процедурата после царски рез.

"Имав два царски реза", се присетила на подкастот и додала: "Често ќе помислите 'тоа не беше претходно тука'".


Палтроу не влегувала во детали поврзани со раѓањето на ќерката Епл, но претходно рекла дека имала искуство блиско со смртта и кога доживеала спонтан абортус кога била бремена по трет пат.

"Имав лошо искуство кога останав бремена по трет пат, не беше добро и за малку ќе умрев", рекла за Дејли Меил во 2013 година.


За време на гостувањето во подкастот, Палтроу рекла дека исто така ги критикувала многу нереалните притисоци и очекувања кои доаѓаат од социјалните мрежи, особено за жените и нивниот изглед после породување.

"Фала Богу што немав Инстаграм кога бев бремена", рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг