Ова се децата на актерите од „Пријатели“: Дали сте знаеле дека Џои има 16-годишна ќерка?

Точка

27/10/2021

17:02

6.941

Големина на фонт

а а а

Мислите дека знаете сè за актерите од серијата „Пријатели“? А дали знаете кои се нивните деца?

57-годишната Кортни Кокс од бракот со Дејвид Аркет ја има ќерката Коко Аркет, со која е неверојатна блиска.

Кортни на својот Инстаграм профил често споделува фотографии на кои е нејзината ќерка тинејџерка.

52-годишната Џенифер Анистон нема деца иако долго се шпекулираше за нејзината бременост. Медиумите барем еднаш годишно пишуваа за тоа дека Анистон е бремена, но тоа никогаш не се случи.

Но, таа е кума на ќерката на Кортни, Коко.


54-годишниот Мет Лебланк ја има 16-годишната ќерка Марина Перл која ја добил во бракот со Мелиса Мекнајт. Мет неколкупати навел дека децата на поранешната сопруга ги смета за свои бидејќи пораснале со нив во истата куќа.


„Тејлор има 25 години и е инженер на звук. Работи во студио за снимање. Мојата ќерка Жаклин дипломираше компјутерски дизајн, таа е навистина вредна и многу сум горд на неа“, изјави Лебланк во 2016 година.

58-годишната Лиса Кудроу го има синот Џулијан со кој била бремена додека ја снимала серијата „Пријатели“. Актерката во неколку наврати има изјавено дека тој е нејзината најголема поддршка.

54-годишниот Дејвид Швимер ја има ќерката Клео од бракот со поранешната сопруга Зои. Парот е разведен, но Дејвид и Зои останале во добри односи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг