Погба ги нападна медиумите: Ширите лажни вести

Макфакс

27/10/2021

14:27

886

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ги негира медиумските пишувања, дека не е о добри односи со менаџерот, Оле Гунар Солскјер.

По тешкиот пораз од Ливерпул (0:5), во кој Погба за 15 минути на теренот доби црвен картон, англиските медиуми, пишуваа дека Погба е не е во добри односи со тренерот и дека ги прекинал преговорите околу новиот договор.

„Ова се лажни вести“, порачал Погба и преку социјалните мрежи порачал.

„Таблоидите сакаат да покренат дебата со 100 отсто лажни вести.. Измислуваат, лажат. Новинарите го користат моето име за нешто да се види, дури и кога такво нешто не постои. Реагирам од почит кон мојот тренер, клубот и навивачите. Сакам да им порачам помалку да читаат вакви работи. Овие луѓе немаат срам“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг