Фостер откри какво необично прашање добил од Салах по убедливиот пораз од 5:0

Дерби

27/10/2021

13:42

1.017

Големина на фонт

а а а

Ливерпул во неделата го декласираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со резултат 0:5, но само една седмица претходно, тимот на Јирген Клоп оствари идентичен триумф и над Вотфорд воден од новиот менаџер Клаудио Раниери.

Избраниците на Клоп покажаа дека се класа за себе во овој момент во споредба со Вотфорд и Јунајтед, па иако во изминатите два дена пристигнуваат информации поврзани само за големото дерби на театарот на соништата, сега со интересна изјава за средбата која се одигра пред 10-тина дена излезе Бен Фостер.

Голманот на Вотфорд откри каква необична конверзација имал со Мо Салах по крајот на натпреварот кој неговиот тим го загуби со 0:5, што само ни докажува дека напаѓачот на Ливерпул ги користи и собира информациите и од противничките голмани во Премиер лигата со цел да се подобри во секој сегмент.

– Ливерпул е најдобро подмачканата машина против која сум се соочил во кариерата. Сепак, јас сакам да кажам една интересна работа за Мо Салах, за она што ми го кажа по крајот на натпреварот.

– Остварија победа од 5:0, мислам дека Салах постигна еден гол на тој меч, но после последниот судиски свиреж, пријде до мене. Тој си ја покри устата со рака и имаше прашање за мене. Ме запраша на која страна би се фрлил доколку имаше пенал на натпреварот. Си помислив колку многу е паметен, бидејќи ние голманите правиме анализа за шутерите, особено на нивните последни 10 удари. Последните пет пенали на Салах беа на голманската десна страна и му порачав дека ќе се фрлев десно. Тој се насмевна и ми се заблагодари со напомена дека мора да ги знае и тие работи, – открива Фостер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг