Кина затвори четири милионски град поради неколку позитивни случаеви на Ковид-19

Точка

26/10/2021

20:20

1.146

Големина на фонт

а а а

Кина во вторникот ставила град од четири милиони луѓе во изолација, наредувајќи им да не ги напуштаат домовите освен во итни случаеви, во обид да го искорени кластерот од коронавирус од само неколку десетина потврдени случаеви.

Пекинг воведе строги гранични контроли откако коронавирусот по првпат бил откриен во Кина кон крајот на 2019 година, успорувајќи го растот на бројот на заразени и овозможувајќи му на економијата да се опорави.

Сепак, додека остатокот од светот се отвора и се обидува да пронајде начини за да живее со вирусот, Кина го задржа тој пристап и тоа поради неколку позитивни случаеви.


Новите ограничувања од вторникот следувале откако Кина пријави 29 нови случаеви - вклучувајќи шест во Ланжоу, главниот град на провинцијата Гансу на северозападот на земјата.

Жителите на градот ќе мора да останат дома, навеле властите истакнувајќи дека строго е контролирано движењето на луѓето освен во итни случаеви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг