„Ти си најодвратното, канцерогено човечко суштество“: Ќерката на Болдвин реагирала на твит во кој го напаѓаат актерот!

Точка

26/10/2021

17:46

18.971

Големина на фонт

а а а

Ајрланд Болдвин (26) ќерката на Алек Болдвин, ѝ одговорила на политичката коментатора Кендис Овенс, која на Твитер напишала дека трагичниот настан на снимањето на филмот „Rust“, бил 'поетска правда' за Болдвин да не биде жртва.

Манекенката Ајрланд Болдвин кратко по спорниот твит на конзервативната водителка се огласила, порачувајќи ѝ дека е одвратна и омразена личност.


„Ти си најодвратното, канцерогено човечко суштество на кое некогаш сум наишла“, напишала ќерката на актерот, со фотографија од Кендис.

„Без оглед на вашите воглавно лоши мислења, факт е дека не го почитувате животот на жената која е случајно и трагично убиена... Срам да ви е“.


Манекенката не запрела тука. Шокирана била од тоа како некој трагично изгубен живот на една жена се користи за политички пресметки помеѓу неистомисленици.

Нејзините силни зборови за поддршка на татко ѝ следеле откако Кендис Овенс напишала објава која подоцна е избришана, дека смртта на Халина Хачинс за време на снимањето била 'поетска правда' за критиката на Болдвин за Доналд Трамп. А токму Кендис е позната по поддржувањето на поранешниот претседател на Америка за време на неговиот мандат.

Ајрланд исто така ги известила своите следбеници дека ќе 'паузира' од Инстаграм, бидејќи 'се срами да го дише истиот воздух како оваа жена'.



Спонзорирани линкови

Маркетинг