Руски хакери во понеделникот нападнале стотици компании и организации

Точка

26/10/2021

18:34

1.643

Големина на фонт

а а а

"Microsoft" на својот блог објави дека рускиот ентитет кој минатата година извршил големи хакерски напади на компанијата „Solar Winds“ поврзана со приватни компании и државни агенции, вчера извел огромен бран напади на компјутерските системи на САД.

"Microsoft" во соопштението објавил дека нападите, вршени од руската хакерска група Nobelium, биле насочени кон „трговски посредници и снабдувачи на технолошки услуги“ на "клауд" сервисите.


Според компанијата, нападите се дел од кампањата која започнала уште од минатото лето. Од 1 јули до 19 октомври "Microsoft" информирал 609 клиенти дека се цел на напади.


"New York Times" потврди дека во понеделникот се случувале напади. Изворот на овој весник укажал дека тоа се „несложени, обични операции кои би можеле да се избегнат ако снабдувачите на облачни услуги употребиле основни методи за кибер-безбедност“.


Според "NYT", нападите биле уште еден доказ дека Русија сака да добие долгорочен системски пристап до различни технолошки алки за снабдување и да создаде механизам за следење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг