Ѓорѓиев: Ова е најомразениот медал што сум го освоил

Дерби

26/10/2021

14:03

62.738

Големина на фонт

а а а

Македонија во изминативе денови го слави кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев кој успеа да освои златен медал на Светското првенство во Италија.

Ѓорѓиев успеа да биде најдобар во категоријата лоу-кик до 81 килограм и со тоа да ја продолжи серијата на одлични резултати на најголемите турнири. Ова за Диме беше четврта титула на светските шампионати, резултат поради кој секако беше среќен и задоволен, но од друга страна изрази незадоволство од длабоката поделеност во Македонија, па преку искрен статус порача дека не планира да биде биде дел од никакви приеми, нема намера да гостува по медиуми и и да дава интервјуа.

Ова е целосната порака која ја испрати најдобриот македонски кик-боксер.

- Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред се од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Иста така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ке бидат откажани а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа, - порача Ѓорѓиев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг