„Скај Спортс“: Манчестер Јунајтед има донесено јасна одлука за Солскјер

Дерби

26/10/2021

13:11

2.246

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер е под голем притисок по убедливиот пораз на Манчестер Јунајтед од Ливерпул, а медиумите веќе шпекулираат за можните солуции за негов наследник.

Италијански „Скај“ тврдеше дека Јунајтед веќе започнал преговори со Антонио Конте, но британски „Скај Спортс“ тврди дека ситуацијата во клубот е многу поразлична.

Не само што Јунајтед не преговара со Конте, туку засега не планира отказ за Солскјер и има јасно одредени приоритети, кои не се поврзани со разделба со Норвежанецот.

Изворите на овој медиуми тврдат дека основна желба на клубот е стабилизација по тешкиот пораз и враќање на нормалната атмосфера во соблекувалната по големиот шок.

Ова пред се поради фактот што Јунајтед сега треба да игра против незгодните Тотенхем и Аталанта, а потоа го очекува градското дерби со Манчестер Сити.

Информацијата на „Скај Спортс“ се совпаѓа со она што го најави Гери Невил веднаш по завршувањето на дербито.

– Не верувам дека клубот планира нов менаџер оваа сезона. Една од причините се искуствата со Луи ван Гал и Жозе Мурињо, раководството нема да доведе познато име на ваков начин. Мурињо беше најдобар менаџер во светот кога дојде, но не успеа да ги оправда очекувањата, – изјави Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг