Брод со мигранти потона кај грчки остров, неколку од нив се водат како исчезнати

Макфакс

26/10/2021

12:52

3.994

Големина на фонт

а а а

Дваесет мигранти се спасени, а неколкумина се сметаат за исчезнати при потонување на брод во водите кај грчкиот остров Хиос, недалеку од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Спасените мигранти изјавија дека на бродот имало 27 лица, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, која им пришла на помош во тешки временски услови, со поддршка од брод на НАТО, два хеликоптери и неколку бродови. Хиос е оддалечен само седум километри од турскиот брег.

Според УНХЦР, повеќе од 2.500 луѓе го преминале Егејското Море од Турција оваа година, наспроти 9.700 лица минатата година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа или исчезнаа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг