Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Макфакс

26/10/2021

12:17

387

Големина на фонт

а а а

Северна Македонија во моментов дава прибежиште на 407 граѓани од Авганистан, информираат од Владата.

Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации.

„Четворица возрасни и три деца изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште“, се наведува во владиното соопштение.

Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое, како што нагласуваат од Владата, е под закана на новата талибанска власт во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг