Нова мајсторија на Ристовска меѓу најубавите голови во ЛШ

Дерби

26/10/2021

10:59

41.929

Големина на фонт

а а а

ЦСКА Москва на Сара Ристовска минатиов викенд остварија голема победа против актуелниот европски првак Вајперс Кристијансанд и тоа на негов терен во Норвешка.

Рускиот тим славеше со 27-24, Ристовска даде четири гола од исто толку обиди, а токму еден од истите влезе во најновата Топ 5 листа на најдобрите голови на петтата рунда во Лигата на шампионите.

„Вртенката“ на Сара се најде на позицијата број пет, додека овој пат местото број еден е резервирано за Јулија Манагарова од составот на Ростов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг