По 40-та година неопходно е да го внесувате овој минерал, без него телото пропаѓа – еве во кои намирници го има во изобилство

Точка

26/10/2021

10:45

11.821

Големина на фонт

а а а

Внесувањето на бакарот на дневно ниво е од пресудна важност за добро здравје, а особено по 40-та година од животот.

Бакарот е есенцијален минерал кој игра важна улога во формирањето на коските, произведување на сврзно ткиво и процес на кодирање на специфични ензими потребни за настанување на меланин и елиминација на слободните радикали од човековото тело.

Дефицитот на овој минерал може да предизвика зголемен ризик од многу заболувања меѓу кои се и остеопороза, анемија, болки во зглобовите, намален имунитет.

За луѓето постари од 18 години препорачлива дневна доза за внесување во организмот е 0,9 милиграми бакар.

Бакарот се наоѓа речиси во сите намирници во помала доза, а во овие пет го има во изобилство.

1. Морски плодови и месо


Говедското месо е најбогата намирница со бакар. Исто така одличен извор на бакар е и морската храна. 30 грама говедски џигер содржи околу 4.000 микрограми бакар, додека пак една острига има околу 670 микрограми.

Во сто грама школки има околу 585 микрограми бакар, додека пак иста количина на варено месо од краба содржи 634 микрограми бакар.

2. Јаткасти плодови


Одреден вид на јаткасти плодови се многу богати со бакар. Се проценува дека во 30 грама сончоглед има околу 519 микрограми бакар, 629 микрограми се наоѓа во индиските ореви, 332 микрограми во бадемите, а 496 микрограми во лешникот.

3. Чоколадо


Доколку сте љубители на чоколадото, добра вест е тоа што со нејзино внесување бакарот се зголемува. Секако, станува збор за најздравото темно чоколадо кое во себе содржи и до 85 отсто какао. Така во 30 грама темно чоколадо има околу 50 микрограми бакар.

4. Јајца


Во намирници кои се богати со бакар спаѓаат и јајцата, особено нивните жолчки. Секој кој не е љубител на месо ниту пак консумира морски плодови може да јаде јајца за внесување на дневната доза на бакар која му е потребна на телото.

5. Зачини и билки


И зачините и билките се добар извор на бакар и поради таа причина истите треба да бидат вклучени во исхраната. Зачини богати со бакар се сенф, ким, нане, кари, каранфилче, коријандер... 



Спонзорирани линкови

Маркетинг