Тажни вести од соседството: Починала лидерката на третата најголема политичка партија во Грција

Точка

25/10/2021

21:16

8.609

Големина на фонт

а а а

Државната болница Евангелисос во Атина денеска соопштила за смртта на Генимата.

Лидерката на третата најголема политичка партија во Грција, Фофи Генимата, починала на 56 години откако на почетокот на овој месец била хоспитализирана поради долгогодишна болест.

Генимата била лидер на Панхеленското социјалистичко движење или Пасок од 2015-та година. Подоцна станала дел од групата на левиот центар познат како Движење за промени.


Државната болница Евангелисос во Атина денеска соопштила за смртта на Генимата.

"Со длабоки емоции ја обележуваме ја одбележуваме смртта на Фофи Генимата: храбра жена која делуваше достоинствено во текот на сите битки во својот живот", рекла претседателката Катарина Сакелараполу.


"Служеше во јавниот живот со принципиелност и љубезност која на сите ќе ни недостасува", додала таа.

Дипломираниот политиколог на Универзитетот во Атина, Фотини Фофи Генимата била ќерка на популарниот покоен социјалистички политичар Јоргос Гениматас, кој како министер за здравство во 1980-тите години помогнал во создавањето на јавна здравствена служба во земјата.


Во 2000-та година Генимата влегла во парламентот, а подоцна била на високи позиции во владите и министерствата за внатрешни работи, здравство и одбрана, а исто така служела и четиригодишен мандат како регионална гувернерка во Советот на Атина.

Фофи Генимата до 30 години останала без своите родители, а прв пат и бил дијагностициран рак на дојкаа во 2008-ма година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг