Навивачите на Марсеј со посебен „подарок“ ќе го пречекаат Лео Меси (Фото)

Дерби

24/10/2021

13:38

2.148

Големина на фонт

а а а

Денешниот ден ќе биде исполнет со неколку дерби пресметки ширум стариот континент, а внимание ќе привлече и натпреварот од француската Лига 1 помеѓу Марсеј и ПСЖ.

На „Велодром“ речиси секогаш е тензично и напнато, а за жал често доаѓало и до немили настани и физички пресметки меѓу навивачите на трибините.

Фановите на Марсеј важат за едни од најжестоките фанатици во Франција, па пред средбата со ПСЖ подготвиле „изненадување“ за Лионел Меси.

Навивачите планираат да го пречекаат аргентинскиот фудбалер така што врз него ќе фрлат голем број банкноти кои се специјално изработени по повод неговото гостување на „Велодром“.


Имено, на банкнотите ќе го има ликот на Меси кој плачеше на прес конференцијата пред заминувањето од Барселона, а ќе алудираат на тоа дека фудбалерот го реализирал трансферот во ПСЖ само поради финансиски причини.

– Ова е за Меси, се надеваме ќе му се допадне, -порачаа навивачите на Марсеј кои ги претставија банкнотите со ликот на офанзивецот на нивниот лут ривал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг